“ВО РУСИЈА НИШТО НЕ СЕ СЛУЧУВА БЕЗ ЗНАЕЊЕ НА ВЛАДИМИР ПУТИН“ – Еве како Џо Бајден ја коментираше веста за смртта на Евгениј Пригожин
Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Џо Бајден, претходниот ден објави дека американските власти се обидуваат прецизно да утврдат како авионот на Евгениј Пригожин, лидерот на руската паравоена група Вагнер, се урна во Русија.
Русија претходно го критикуваше Џо Бајден бидејќи тој изјави дека не е изненаден од веста дека Евгениј Пригожин загинал во авионска несреќа и предупреди дека не е соодветно САД да даваат такви забелешки.
„Не знам што точно се случи, но не сум изненаден. Речиси ништо не се случува во Русија, а зад тоа да не стои претседателот Владимир Путин, но јас не знам доволно за ова“, изјавил Џо Бајден претходно во разговор со новинарите, пренесе медиумската агенција Reuters.