Руските медиуми утринава известуваат за пожар во фабриката „Елмаш“, во рускиот град Воронеж, изјави Антон Герашченко, поранешен советник на украинското Министерство за внатрешни работи.
Тој во својот твит на Х додаде дека пожарот зафатил околу 3.000 метри квадратни.
Во руската фабрика се произведуваат менувачи, мотори, сопирачки, индустриски вентилатори и слично.
Засега нема извештаи за жртви.