Во руски напади оштетено пристаниште во Одеса

– Јужната оперативна команда на Украина објави дека во руски ракетни напади и напади со беспилотни летала е оштетено пристаниште во Одеса.

Во соопштението се наведува дека руската војска синоќа извршила ракетни напади и напади со беспилотни летала врз јужните региони на Украина.

Во соопштението се нагласува дека во нападите се оштетени пристанишната инфраструктура и голем број куќи, а повредено е едно лице.

Командата на украинското Воено воздухопловство соопшти дека руските сили синоќа ја нападнале Украина од југ со шест проектили „Калибар“ и 36 беспилотни летала.

Во продолжение се вели дека украинските сили и возила на противвоздушната одбрана уништиле шест проектили и 32 беспилотни летала.

„Поголем дел од крстосувачките ракети ‘Калибар’ и беспилотните летала се соборени во подрачјето на Одеса и Миколаив на југот, додека останатите се соборени во подрачјето на Доњецк, Харков и Днепар“, се истакнува во соопштението.