– Поларен студ се приближува кон Соединетите Американски Држави (САД), а најстудените денови во зимските месеци се очекуваат во централните делови на државата.
Како што пренесува Си-ен-ен, од вечерва централните делови на земјата ќе бидат под влијание на поларен студ.
И додека температурата на воздухот се очекува да се спушти од минус 20 до 30 степени, се очекува и поради силно невреме температурата во некои области да се спушти и до минус 50 степени.
Иако е издадено предупредување за студено време за повеќе од 15 милиони луѓе што живеат во централните делови на земјата, се вели дека дури и десет минути изложеност на студ може да предизвика измрзнатини.
Со овој временски бран во земјата се очекуваат најстудените денови од зимската сезона.