Тоа беше моментот кога Меган Џејмс никогаш не очекуваше да биде сведок на голем медицински пробив.
Тим хирурзи во NYU Langone Health во Њујорк ја изврши првата успешна трансплантација на око на жив човек: нејзиниот сопруг Арон Џејмс.
Кога Меган го погледна новото око на нејзиниот сопруг за прв пат по операцијата, забележа дека е кафеаво. Нормално, нејзиниот сопруг има сини очи, пренесува CNN.
Таа го видела и новиот нос, усни и образ на мажот, „тоа беше лудо, прекрасно, чудно чувство“, рече Меган.
Всушност, по несреќата на работа поради која остана без левото око и дел од лицето, Арон добил надеж со интервенција на лекарите.
Кон крајот на мај, тим од повеќе од 140 хирурзи во NYU Langone Health ја заврши процедурата за трансплантација на Арон, која траеше околу 21 час. Операцијата вклучува трансплантација на целото лево око и делови од лицето од еден донатор.
Според медицинскиот тим, окото на Арон сега покажува „забележителни“ знаци на добро здравје. Иако не може да гледа, тој и понатаму се надева дека видот може да дојде на време – и дека првата процедура од ваков вид може да помогне во унапредувањето на медицината за трансплантација.
„Тоа е навистина мојата најголема надеж“, рече Арон, додавајќи дека „ако можам да видам низ тоа, тоа е одлично. Но, ако тоа води кон нов пат во областа на медицината, тогаш јас сум за тоа“.
Кога операцијата заврши и Арон за прв пат го погледна своето ново лице во огледало, тој беше воодушевен.
Арон продолжува внимателно да се следи и мора да продолжи да зема лекови за да го намали ризикот неговото тело да ја одбие трансплантацијата.
Медицинскиот тим забележува дека окото покажало знаци на добро здравје, како што е директен проток на крв во мрежницата, слојот на ткиво на задниот дел од очното јаболко поврзан со визуелната обработка.