Џек Николсон 13 години одбива улоги: „Седам под дрво и читам книга“

Поминаа 13 години откако Џек Николсон се појави во романтичната комедија „How You Know“, во која главните улоги ги толкуваат Рис Витерспун, Пол Руд и Овен Вилсон.

Иако оваа споредна улога дефинитивно не е врв во кариерата на Николсон, бидејќи холивудската легенда зад себе има 80 филмски улоги, овој ангажман ни најмалку не го намали неговото наследство кое содржи фантастични, практично неповторливи филмски класици.

Među njima su “The Departed” (2006.), “The Shining” (1980.), “One Flew Over the Cuckoo’s Nest” (1975.) и “Chinatown” (1974.),…

Така, иако 86-годишниот Николсон никогаш не објави дека се пензионира, филмот најверојатно ќе му биде последен.

Една таква информација се појави на подкастот „WTF With Marc Maron“ оваа недела, за време на опширното интервју со познатиот продуцент, импресарио на Сансет Стрип и долгогодишниот пријател на Николсон, Лу Адлер.

Марон беше при крај на едночасовниот разговор кога му постави на Адлер важно прашање што ја отвори темата за плановите на Николсон.

„Мојот пријател го сакаше за филм“, рече Марон откако го праша Адлер како е Николсон.

„И тој зборуваше со него. Но Џек рече: „Не сакам да го правам тоа. Знаеш ли што направив денес? Седнав под дрво и читав книга“, рече Марон.

„Тоа звучи како Џек“, одговори Адлер смеејќи се со Марон.

Адлер истакна дека Николсон секогаш го правел токму она што навистина сакал да го направи.

“Тој сака да биде тивок. Тој сака да јаде што сака. Тој сака да живее каков што сака”, продолжи Адлер.