Како се разликуваат обичната настинка, сезонскиот грип и КОВИД-19? Ова е прашањето кое сè повеќе почнува да ги возбудува луѓето.
Инфектолозите нагласуваат дека наглото менување на температурите особено влијае на ширењето на заразите. Докторите се категорични дека јадењето одредена храна нема да влијае на нашите симптоми. „Единствен начин да се спречи овој вид на заболување остануваат вакцинациите“, се согласни повеќето од нив. Според нив, никогаш не е доцна да се добие вакцина против грип или вакцина против коронавирус.
Тие ја отфрлаат теоријата дека студот не прави болни. За да се заразиме со нешто, мора да има извор на зараза околу нас“, потенцираат инфектолозите. Тие нагласуваат дека и кога сме настинати, ние сме заразни и пред да развиеме симптоми.
Недостигот на сетило за мирис не е нужен знак дека сме заразени со Ковид-19. Најсигурниот начин да се знае дали го носиме вирусот е да направиме брз тест.