Во Скопје санкционирани 172 возачи – 28 за брзо возење

 Во рамки на спроведените полициски контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 172 мерки, информира денеска МВР.

Од вкупниот број изречени санкции 28 се за возење со брзина поголема од дозволената, 19 за управување возило без возачка дозвола, а 15 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Меѓу другите, изречени се и девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на црвено светло, четири за непочитување на првенство на минување, како четири казни за непрописно престројување на возила. 
– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.