„Во соба сум, седам и плачам…“ Драгана Мирковиќ си ја разголи душата во новата објава, а потоа самата ја избриша! Еве што напиша

Сите се прашуваат која е причината

Музичката ѕвезда Драгана Мирковиќ е во процес на развод од бизнисменот Тони Бијелиќ.

Пејачката не криеше дека минува низ тежок период, но излезе уште посилна.

Оттогаш Драгана е поактивна на социјалните мрежи и често споделува моменти од својот живот со бројните следбеници.

Така на Фејсбук објави статус во кој ја разголи душата, а потоа направи чуден потег.

-Имав тежок период во мојот живот и тоа беше скоро. Знам дека имам концерт, во соба сум, седам и плачам, ги бришам солзите, излегувам на сцена и правам концерт. Сè завршувам со насмевка. Доаѓам и се враќам во собата – повторно истата приказна. Но запомнете, кога ви е најтешко, тогаш бидете храбри и борете се. Разбудете го вашиот инает и верувајте дека ќе победите – напиша Драгана на својот Фејсбук профил.

Сепак, таа набрзо ја избриша оваа објава, а причина за тоа е непозната.

Драгана Мирковиќ по разделбата од сопругот неодамна призна дека ја има целосната поддршка од нејзините деца кои постојано се со неа.

– Секогаш со нешто ме радуваат. Децата се прекрасни, иако веќе не се деца, но тоа е она што секогаш го велам (се смее). Тие се возрасни, многу добри и приврзани, паметни и нормални, благодарна сум им што секогаш беа покрај мене и што ме сакаат толку многу. Морам да кажам дека и двајцата се многу горди на својата мајка, а тоа е мојот најголем успех што можам да го постигнам – истакна Драгана и откри дали е вистина дека нејзиниот син станал естраден менаџер и дека и помага во кариерата.

– Напишано е, но не е точно. Нема потреба да се занимава со тоа иако студира на факултет кој има врска со менаџмент, но многу ми помага. Запишува некои работи за да не ги заборавам – изјавила Драгана за Пинк.