Во Србија – забрана: повлечени 113 препарати

Во Србија е забранета употребата на 113 препарати за заштита на растенијата, што е дел од усогласувањето со прописите во рамките на Европската Унија.

Препаратите се повлечени бидејќи содржат 17 активни супстанции кои неодамна беа забранети во Европската унија, а сега веќе не можат да се користат ниту во Србија бидејќи домашната регулатива е речиси целосно усогласена со европската.

Списокот на забранети препарати е достапен на веб-страницата на Министерството за земјоделство, а директорот на Управата за заштита на растенијата, Небојша Милосављевиќ, рече дека тие биле забранети пред 18 месеци, а сега е периодот во кој може да се користат, т.е. на залихите им беше истечен рокот, пишува Курир.

Останатото количество залихи треба да се одложи согласно законот, односно да се предаде на оној кој е задолжен за собирање на тој отпад, кој потоа оди на безбедно уништување“, посочи Милосављевиќ.

За четири години се забранети 50 активни супстанции, а предвидени се и казни за нивна употреба.