Фотографиите на Иванка Трамп станаа вирални, сите гледаат едно: „Не можам да не го забележам ова“

Иванка Трамп се појави во судот како сведок во постапката против нејзиниот татко Доналд Трамп.

Иванка Трамп многу често привлекува внимание со својот изглед и елегантните објави, а овој пат на корисниците на социјалните мрежи им падна нешто сосема друго, а нејзините фотографии станаа вирални.

Имено, луѓето забележале дека Иванка има невообичаено долг врат.

“Дали само мене така ми изгледа или Иванка Трамп има екстра долг врат? Ова не се фотошопирани или монтирани фотографии”, напишал еден корисник на платформата X.

Не требаше долго да започнат шегите за нејзиниот врат.

„Сега видов колку е голем вратот на Иванка Трамп и повеќе не можам да го видам“, коментира друг.

Некои изјавија дека вратот на Иванка расте исто како што расте носот на Пинокио.