Традиционалниот натпревар „Pacu Jawi“, кој се одржува на запад од островот Суматра во Индонезија, годинава го привлече вниманието на голем број жители и туристи, јавува Анадолија

Тоа е трка со бикови во калливите оризови полиња што го слави крајот на сезоната на жетва во областа Тана Датар во Западна Суматра.
Оваа традиција е стара речиси еден век и е привлечна и за домашните и за странските туристи.
Се натпреваруваат локални бикови, како и оние од соседните села.