Во Тетово хуманитарен кошаркарски натпревар, средствата од продадените билети ќе се донираат за Турција и Сирија

Кошаркарскиот клуб Тетекс од Тетово вчера организираше хуманитарен натпревар на младите категории на клубот со цел да се соберат средства кои ќе се донираат за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија. 

Натпреварот се одигра во спорската сала на економското училиште.

-Успешно беше реализиран хуманитарниот настан во чест на настраданите во Турција и Сирија. Во една позитивна атмосфера, нашите најмлади кошаркари ги одмерија силите во краток натпревар каде што за победникот следеше награда.  Сите собрани средства ќе бидат донирани. Да бидеме хумани, порачаа од КК Тетекс.

Посетителите имаа можност да набават билетите по симболична цена од 50 денари, како и да остават дополнителни средства во кутија за донации.