Уставниот суд на Албанија во наредните три години ќе го предводи Холта Зачај, која беше избрана денеска, во третиот круг на гласање, со пет гласови од вкупно девет членови на судот.
Во првите два круга изборниот процес пропадна, затоа што трите кандидатки Фиона Папајорѓи, Марјана Семини и Холта Зачај добија еднаков број на гласови, доколку пропаднеше и денешниот круг на гласање изборот на претседател на судот ќе беше одреден со ждрепка.
Родена е на 12 јануари 1976 година во Тирана, дипломирала на Правниот факултет на Универзитетот во Тирана, се усовршувала на унивезитет во САД а својата кариера ја започнала како адвокат и активист за човекови права, ангажирана во 1999-2001 година, во Центарот „Мир преку правда“, проектот за воени злосторства во Косово.
Потоа била ангажирана како адвокат во Центарот за интегрирани правни практики и услуги, како адвокат и експерт за човекови права а работела и како адвокат во адвокатската канцеларија „Delegibus Consulting“ а од 2018 година била адвокат во државата Масачусетс, САД, во адвокатската канцеларија „Ligris and Associates“ dhe “Zachaj Law“.
Во периодот 2009-2014 година Зачај била ангажирана како национален и меѓународен правен експерт во низа иницијативи на УНИЦЕФ во Албанија, УНИЦЕФ во Косово, УНИЦЕФ во Грузија, Советот на Европа, Светска банка, Меѓународниот монетарен фонд итн.
Автор е и коавтор е на околу 30 студии и публикации од областа на човековите права, правата на децата, семејното право, банкарското право и наслови. Таа е коавтор на Семејниот законик, законот за правата и заштитата на децата во Албанија, правниот пакет за казнено постапување со малолетници во Косово.
Холта Зачај е последната судијка која, минатиот месец, положи заклетва пред претседателот на државата Бајрам Бегај, избрана од Врховниот суд, со што се комплетираше целосниот состав на Уставниот суд.
Албанскиот Уставен суд од средината на 2018 години, беше вон функција, поради спроведениот ветинг.
Меѓу шесте судии кои не можеле да го објаснат потеклото на имотот беше и претседателот, Башким Дедја. Двајца судии заминаа на друга функција и остана само судијката Фиторе Туша.
Судот почна да функционира од првата половина на 2021 а беше комплетиран минатиот месец.