Во Турција е пронајдена џиновска печурка тешка дури 13 килограми

Вредните турски печурки смрчак се многу барани ширум светот и се познати по нивната хранлива вредност, интензивен мирис и вкус.

Големите печурки се вообичаени со години, но неодамна во Елазиг, на истокот на Турција, била пронајдена печурка тешка дури 13 килограми, што изненади многумина.

Имено, жителите на селото Карагедик првично мислеле дека се работи за карпа. Со подобар увид сфатиле дека се работи за голема печурка. Мештаните тврдат дека не е отровна, односно дека се јаде.

Печурките се одгледуваат во шумски области низ Турција, главно во шумски области кои се богати со бор и даб. Се продаваат свежи и сушени, а најголема побарувачка за нив има на европскиот пазар.

Тие содржат 42 отсто висококвалитетни протеини, есенцијални минерали и малку калории, што ги прави идеални за здрава исхрана. Од нив се прави супа, сос и фармацевтски производи, пишува турскиот весник Дејли Сабах.