Во Турција откриени нафтени резерви вредни 4 милијарди долари

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси, Алпарслан Бајрактар, изјави дека оваа година во неколку региони на Турција се пронајдени резерви на нафта со вкупно 57 милиони барели, чија вредност се проценува на четири милијарди долари.

Тој посочи дека најголемите резерви се во Дијарбакир, Габар и Батман. Според него, само во Дијарбакир има помеѓу четири и шест милиони барели нафта и гас од шкрилци.

Тој истакна дека неодамнешните истражувања на бунарот „Гоктепе-3“ во Црното Море откриле 75 милијарди кубни метри гас, што е доволно за оваа земја да ги задоволи своите потреби за гас во период од година и пол.

Бајрактар истакна дека е веројатно дека овие бројки ќе се зголемат до крајот на годината. Тој го нагласи потенцијалот на нафтата и гасот од шкрилци во Дијарбакир, област од 600 квадратни километри.

Тој изјави дека Турција соработува со американски компании со цел да ги искористи овие ресурси.