Вонредната состојба и дозволува на воената команда да ги ограничи собирите и да ги затвори областите
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан денеска одлучи да прогласи вонредна состојба во цел Израел , соопшти неговиот кабинет, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Претходно денеска Галан прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри од Појасот Газа, по ненадеен ракетен напад од таа палестинска територија и организиран упад на вооружени напаѓачи на израелска територија.
Вонредната состојба и дозволува на воената команда да ги ограничи собирите и да ги затвори областите.
Да потсетиме, утрово од Појасот Газа беше извршен ракетен напад врз јужен и централен Израел.
Повеќе од 400 луѓе загинаа, а нападите продолжија и во текот на денот.