“ВО ЧЕТВРОК БЕЗ СПЕКТАКЛИ“ – Партизан со едно минутно молчење и без музика на четвртиот натпревар против Реал Мадрид поради трагедијата во Белград

Четвртиот натпревар помеѓу кошаркарските клубови на Партизан и Реал Мадрид ќе започне со едноминутно молчење за да им се оддаде почит на жртвите од страшната трагедија што денеска се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот Белград, Србија.

Од кошаркарскиот клуб Партизан соопштија дека нема да има музика во салата или вообичаениот спектакл што ги следи црно-белите на натпревари поради трагедијата.

Да потсетиме, во основното училиште во Врачар, 14-годишно момче пукаше во учениците, наставничката и чуварот. Во страшната престрелка загинаа осум ученици и еден чувар, а ранети се шест деца и еден наставник кои во моментов се згрижени во ургентниот центар во Белград.