Во Јакутск денес беше -58 степени! Еве како е да се живее во најстудениот град на светот и што се случува со телефоните

Арктичкото време зафати делови од Русија.

Сибирскиот Јакутск се смета за најстудениот град во светот, а денес температурата беше -58 степени Целзиусови.

Иако ваквите минуси станаа сè поретки поради климатските промени, метеоролозите предупредуваат дека субјективното чувство на студенило е поголемо поради влажноста и ветерот.

Целиот регион Саха, кој е оддалечен повеќе од 4.000 километри од Москва, се наоѓа во зоната на вечниот мраз.

,,Секако дека е ладно. Ce чувствува на лицето, веднаш замрзнува. Мојата јакна е обично мека, но кога ќе излезам на оваа ниска температура, станува како пластична кеса. Што се однесува до мобилниот телефон – кога излегов вчера батеријата беше на 90 проценти ја држев во раце. За 15,20 минути батеријата беше целосно испразнета“, изјави Данило Калинкин, турист од југот на Русија.

Галина од Јакутск вели:

Јакутск
ФОТО: АП

„Не, не ми е ладно, навикнат сум на студено време. Јас живеам на север веќе 45 години“.