Англиската Премиер лига ги продаде телевизиските права за рекордни 8,46 милијарди долари

– Англиската Премиер лига објави дека ги продала телевизиските права за рекордна сума од 6,7 милијарди фунти (8,46 милијарди долари).

Скај спортс и ТНТ спортс потпишаа четиригодишен договор со Лигата, кој ја покрива сезоната 2028/29, додека на Би-би-си спорт му беа дадени правата за најважните моменти за сите 380 натпревари во Премиер лигата секоја сезона.

На Скај спортс му се доделени пакетите со права за пренос во живо Б, Ц, Д и Е, кои покриваат минимум 215 натпревари во живо по сезона, додека на ТНТ спортс му е доделен пакетот А со права за пренос во живо, кој покрива 52 натпревари во живо по сезона, се наведува во соопштението.

Договорите ќе донесат 6,7 милијарди фунти приход во текот на четиригодишниот период, што е речиси 4 отсто раст на вредноста на правата за пренос во живо во споредба со претходниот договор.

„Среќни сме што можеме да ги објавиме новите договори со Скај спортс и со ТНТ спортс кои ќе го продолжат нашето партнерство за дополнителни четири години и ќе видиме повеќе натпревари од Премиер лигата од кога било досега пренесувани во живо од 2025/26 па наваму“, истакна Ричард Мастерс, извршниот директор на Премиер лигата.