Во Албанија започна гласањето за локалните избори

Избори за органите на локалната власт во Албанија се одржуваат за избор на 61 градоначалник и 1.603 членa на општинските совети низ земјата.

Во Албанија започна гласачкиот процес за локалните избори на кои граѓаните со право на глас ќе избираат нови градоначалници и членови на општинските совети низ целата земја.

Процесот на гласање за 61 општина во Албанија официјално е отворен во 7 часот и се очекува да заврши во 19 часот, додека граѓаните имаат можност да гласаат во вкупно 5.213 гласачки центри низ целата земја.

Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни работи на Албанија, право на глас имаат 3.650.550 албански државјани, а 122.545 гласачи ќе имаат можност да гласаат првпат.

Во меѓувреме, според официјалните податоци на Централната изборна комисија на Албанија (ЦИК), 44 политички партии се пријавени како изборни субјекти за локалните избори, од кои 38 партии се надвор од коалициите, шест партии групирани во две коалиции и 12 независни кандидати.

Меѓу партиите што се натпреваруваат со кандидати за градоначалници и членови на општинските совети се владејачката партија, Социјалистичката партија на Албанија, предводена од премиерот Еди Рама, најголемата опозициска партија Демократската партија на Албанија и други партии.

Според ЦИК, има вкупно 23.763 кандидати за совети на општините и 144 кандидати за градоначалници.

Избори за органите на локалната власт во Албанија се одржуваат за да се изберат 61 градоначалник и 1.603 членa на општинските совети низ целата земја. Градоначалниците и членовите на општинските совети се избираат непосредно за период од четири години.

Новитет на овој изборен процес е што гласачите во општините Елбасан, Камез и Воре ќе гласаат преку Електронска опрема за гласање и броење (ПЕВН).

Од друга страна, институциите надлежни за непречено одвивање на изборниот процес презедоа дополнителни мерки, каде што 5.511 полицајци ќе се заложат за зачувување на изборните објекти низ Албанија.

Изборниот процес ќе го набљудуваат мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, различни амбасади, како и повеќе меѓународни и национални организации.