Во јануари годишен раст од 4,5 отсто на вкупните депозити и 8,5 отсто на вкупната кредитна поддршка

 Во јануари годинава, согласно сезонската динамика, монетарната понуда е намалена за 1,7 отсто на месечно ниво, што е последица на надолните движења кај сите компоненти, со поголем придонес на депозитни пари, готовина во оптек и краткорочни депозити. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 4,5 отсто, најмногу како резултат на растот на краткорочните депозити и депозитните пари, објавени од Народна банка.

Посочуваат дека општите депозити во јануари се намалени за 1,2 отсто на месечно ниво, целосно како резултат на падот на депозитите на корпоративниот сектор. Анализирано на годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 4,5 отсто, што во голема мера се должи на растот на депозитите на секторот „домаќинства“.

„Во месец јануари вкупните кредити забележаа месечно намалување од 0,8 отсто, што во целост доаѓа од намалувањето на кредитирањето на корпоративниот сектор. двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, се истакнува во денешното коминике на Народната банка за монетарните движења.

Минатиот месец вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 4,1 отсто на месечно ниво.

Од таму информираат дека кредитите на корпоративниот сектор овој месец бележат месечно намалување од 1,6 отсто, што е последица на намалувањето на одобрените кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари.

Депозитите на домаќинствата во јануари, се наведува во коминикето, останале непроменети на месечна основа. Анализирано на годишна основа, овие депозити се зголемени за 5,9 отсто, како резултат на растот на краткорочните депозити во странска валута, депозитните пари и долгорочните депозити во странска валута, при намалувањето забележано кај краткорочните и долгорочните -орокирани депозити во денари.

Во јануари годинава, анализирано според намената на кредитите доделени на физички лица, потрошувачките кредити, како најзастапена категорија, како што се наведува во соопштението, бележат месечно намалување од 0,5 отсто, со годишен пораст од 6,5 отсто.