Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во јануари ќе започне трансферот на унгарски странски средства на компании. Иако очекуваше тоа да се случи од почетокот на следната недела, сепак, како што рече, претходно мора да се спроведат и почитуваат некои законски процедури.
„Очекувам трансферот на средства да почне во јануари, вчера имаше оперативен состанок во Министерството за финансии, се дефинираа чекорите, договорот со едната и со другата страна. Постојат формални процедури кои мора да се следат. Бев поголем оптимист, мислев дека ќе почне од почетокот на следната недела, но има некои законски процедури кои мора да ги поминеме. Сега сум убеден дека реализацијата на заемот почнува во јануари“, нагласи Мицкоски.
Според него, добро е компаниите со помош на кредит да го зголемат бројот на производите, да не се забележува зголемување само на паричниот износ.
„Би сакал зголемувањето да не биде пет, туку 10 проценти. Но, тие десет проценти не треба да бидат поголеми по количина, туку по број на производи“, нагласи премиерот.
За секоја компанија што нема да ги исполни условите ќе се грижи, рече тој, посебен тим во Владата, а има и одговорно лице кое ќе следи, ќе алармира и ќе се обрати до компанијата што е корисник на средствата. да покаже зошто не е исполнет условот.
Компаниите во земјава ќе можат да искористат 250 милиони евра од унгарскиот заем, посветен на македонскиот бизнис.