Во Јужна Кореја првпат робот ќе диригира со оркестар

Корејскиот Национален оркестар ќе одржи концерт на 30 јуни во Сеул, а диригент на овој концерт ќе биде роботот развиен од страна на Корејскиот институт за индустриска технологија (KITECH)

Претставата наречена „Absence“, која ќе се одржи во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, ќе биде предводена од страна на роботот „EveR 6“, пренесува Анадолу.

Според веста на новинската агенција Јонхап, корејскиот Национален оркестар ќе одржи концерт на 30 јуни во Сеул, а диригент на овој концерт ќе биде роботот развиен од страна на Корејскиот институт за индустриска технологија (KITECH).

Андроид роботот „EveR 6“ личи на човек и може флексибилно да ги користи и вратот и раката.

Благодарение на технологијата „motion capture“, која ги снима насоката и брзината на движење на диригентската палка, на роботот му станува полесно точно да ја открие брзината на диригентската палка.

Роботот и диригентот Чои Со-јол ќе имаат одделни изведби, а потоа роботот и диригентот заедно ќе диригираат на концертот.

Чои нагласи дека најголем предизвик за роботите е интеракцијата и комуникацијата и дека со концертот сака да покаже дека човекот има предност во однос на роботските технологии поврзани со музиката.

Настапот на роботот „EveR 6“ на концертот ќе биде прв во Јужна Кореја.

Инаку, роботи претходно диригираа со оркестар во Јапонија и Швајцарија.