Во Њујорк настана целосен хаос поради „ПЛЕЈСТЕЈШН“ ! Толпата дивееше на плоштадот, висеа на автомобилот на јутјуберот, уапсени 65 лица (ВИДЕО/ФОТО)


Најавата на популарен јутјубер дека ќе дели конзоли „Плејстејшн“ предизвика хаос во срцето на Њујорк, поради што беше неопходна полициска интервенција. Толпа од околу 2.000 луѓе се собра кај Јунион Сквер парк во Менхетн и сите се надеваа дека ќе добијат бесплатен „Плејстејшн 5“ од јутјуберот Каи Сенат.

Полицијата соопшти дека јутјуберот е меѓу 65-те уапсени и дека може да биде обвинет за поттикнување нереди. Насобраните луѓе фрлаа петарди, шишиња и ги рушеа барикадите што ги постави полицијата. Возовите од метрото не застануваа на станицата Јунион сквер додека траеше хаосот, а полицијата апелираше до граѓаните да ја избегнуваат областа.

Сенат најави дека ќе подели 300 конзоли „Плејстејшн 5“, но дојдоа многу повеќе од тоа, бидејќи на неговиот канал на Јутјуб има над 10 милиони следбеници и претплатници.