ВИДЕО | Ветрот однесе дел од покрив од зграда во Белград: Невремето предизвика метеж во српскиот главен град

Силно невреме што го зафати Белград околу 14 часот донесе дожд и град, но и силни налети на ветер што предизвика пад на дел од покривот од станбена зграда. За среќа, како што потврдија очевидци за Инстаграм страната serbia_live_beograd, нема повредени.

Во Белград, буквално се стемни во секунда околу 14 часот во центарот на градот. Врне, дува силен ветер и паѓа град. Невремето пристигна во Белград околу 13 часот и 40 минути.

Александар Шапиќ, градоначалникот на Белград, ги предупредува граѓаните да не излегуваат надвор.