ЛЕТААТ КОНТЕЈНЕРИ, ЛУЃЕТО ПАНИЧНО бегаат од улиците: Страшни сцени од невремето во Белград – се стемни за секунда (ВИДЕО)

Невремето го зафати Белград.

Во Белград околу 13 часот и 40 минути започна невреме, а среде бел ден падна мрак за секунда. Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од катастрофата што татнеше низ градовите во Србија, а најдраматичните сцени беа снимени во главниот град. 

На аголот од булеварот Михајла Пупин и улицата Џон Кенеди е снимен моментот на самиот почеток на невремето. Ветерот беше толку силен што поместуваше цели контејнери, додека луѓето трчаа по улицата во обид да се засолнат.