Пратеник на папата работи на „механизам“ за враќање на децата во Украина

 – Мировниот пратеник на папата Франциск за Украина, кардиналот Матео Зупи, денеска изјави дека работи на „механизам“ што би можел да обезбеди враќање во Украина на децата кои Русија наводно ги киднапирала.

– Ќе видиме како да започнеме механизам за помош на децата, особено на оние на кои мора да им се даде можност да се вратат во Украина, рече Зупи.

Тој додаде дека лично разговарал за ова прашање со папата. Италијанскиот кардинал минатата недела ја посети Москва, а претходно беше во главниот град на Украина. Ватикан соопшти дека неговите напори се насочени кон идентификување на хуманитарни иницијативи кои би можеле да го отворат патот кон мирот.