Во 2014 година Карлеуша доби забрана од ТВ Пинк- Ова е причината за конфликтот меѓу ЈК и челниците на Пинк телевизија
Покрај забраната од телевизија РТС, до денес и на телевизија Пинк не беше добредојдена пејачката Јелена Карлеуша.
Долго време се шпекулираше дали забраната навистина се случила или не, а во еден момент таа потврди дека сè е вистина.
Карлеуша со години не се појавува на Пинк телевизија а пред неколку години имаше „испад“ каде што се појави на Ами Џи Шоу… но после тоа не ја видовме повеќе на споменатата телевизија.
– Моето враќање таму нема да се случи затоа што не им простувам на оние кои забрануваат музика и пејачи и од мои лични причини. Тоа е неоѕѕпростливо – остро изјави Карлеуша во една прилика.
Сепак, на сечие изненадување, веќе неколку дена на Пинк се појавува оглас кој го најавува гостувањето на Јелена во емисијата Хит Твит.
Да потсетиме, ЈК пред неколку години на една социјална мрежа го напиша следново:
– Им пишав СМС на моите поранешни пријатели Жељко и Милица Митровиќ: „Дали јас како вашата пријателка Цеца треба да ве осудам за киднапирање и некој криминал за да ме почитувате? Тој рецепт изгледа и’ донесе резултат на Цеца!” Не ми одговорија. Но, им посакувам сè најдобро. Она што ме тера да го напишам ова е нештото што ме направи многу горда – во моментот кога помислив дека сум самa, луѓето ме негираа и беа со мене! – напиша тогаш пејачката, меѓу другото, а дали имало помирување, па на Карлеуша повторно и’ „дозволиле“ појавување на Пинк телевизија, останува да видиме.