Путин им честиташе на борците на Вагнер и руските војници за преземањето на Бахмут

– Рускиот претседател Владимир Путин им честиташе на платениците на руската безбедносна компанија „Вагнер“ и на војниците на Руските вооружени сили за заземањето на градот Бахмут.

Во писменото соопштение што го објави Кремљ, во врска со преземањето на контролата врз градот Бахмут во Доњецката Област, се вели: „Владимир Путин по завршувањето на операцијата за ослободување на Артемивск (Бахмут), освен на јуришните одреди ‘Вагнер’, им честиташе и на сите војници на Руските вооружени сили кои ја дадоа потребната поддршка и ги чуваа крилните позиции.“

Во соопштението се наведува и дека секој успешен ќе биде награден со државен медал.

Евгениј Пригожин, основачот на руската безбедносна компанија „Вагнер“, изјави дека целосно го зазеле Бахмут, а подоцна и руското Министерство за одбрана потврди дека ја презеле контролата над градот Бахмут.