– Вработен во Шумско стопанство „Јабланица“ во Струга овозможил продажба на буково дрво на физички лица и противправна имотна корист од 40.000 денари.
СВР Охрид денеска соопшти дека ОВР Струга поднело кривична пријава против Б.Ц.(54) од струшкото село Октиси, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
– Тој, во својство на службено лице референт по сеча и дотур во јавното претпријатие „Национални шуми“- подрачно шумско стопанство „Јабланица“ Струга, на 1 ноември минатата година, изготвил испратница со невистинита содржина, ја заверил со службен печат, внесувајќи во неа невистинити податоци за бесправно исечено огревно дрво, појасни Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид.
Со тоа, додаде, пријавениот им овозможил на физички лица од Струга продажба на буково огревно дрво и противправна имотна корист од 40.000 денари.