ВРАЌАЊЕ НА КРАЛОТ – ЃОКОВИЌ ПОВТОРНО ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ: Србинот се врати на тронот, рекордот само расте!

Новак Ѓоковиќ повторно тенисер број еден во светот!

Излезе новата АТП листа и на првата позиција повторно е српскиот ас Новак Ѓоковиќ.

Ноле се врати на тронот по неуспехот на Алкараз на Мастерсот во Мајами . Шпанецот не успеа да ја одбрани титулата на овој турнир, беше елиминиран во полуфиналето и го загуби првото место.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска ја започна 381-та недела на врвот на АТП листата и со тоа продолжи да го соборува сопствениот рекорд по бројот на недели поминати на врвот на светскиот тенис.

Новак моментално има 7.160 бодови, Алкараз загуби 640 бодови во Мајами и сега е на второто место со 6.780. Циципас е трет со 5.770 бодови, а четврти е шампионот на Мајами Данил Медведев со 5.150.

АТП листа
ФОТО: ПРИНТСКРИН

Жестоката борба за тронот меѓу Новак и Алкараз ќе се одржи на Мастерсот во Монте Карло кој е на програмата од 8 до 16 април. Доколку некој од двајцата ја освои титулата на 17 април, ќе биде прв на АТП листата. Доколку тоа не се случи, Србинот ќе го загуби тронот само ако Алкараз стигне до финалето, а Ноле не се ни во полуфинале, што се надеваме дека нема да се случи.