Врвните лекари во Британија предупредуваат на загрозеност на жените со рак на дојка поради недостиг на специјалисти
Обединетото Кралство се соочува со криза во грижата за ракот на дојка бидејќи огромниот недостиг на лекари специјалисти и медицински сестри предизвикува опасно одложување на лекувањето за илјадници жени, предупредија врвните лекари, пишува Индепендент.
Онколозите велат дека некои делови од земјата забележале „целосен колапс“ на услугата – при што ситуацијата се влошува бидејќи бројот на пациенти го надминува капацитетот.
Професорот Ендрју Вардли, претседател на Здружението на лекари за рак, изјави за Индипендент дека обезбедувањето третман за рак на дојка е „тешко погодено“ и има области во земјата каде што нема онколози за рак на дојка.
Острото предупредување доаѓа откако новите бројки покажуваат дека доцнењето на лекувањето се зголемило кај пациентите со рак на дојка, при што 1.062 луѓе биле принудени да чекаат подолго од 31 ден за да бидат прегледани, во споредба со 954 една година порано. Во меѓувреме, 1.273 пациенти низ целата земја чекаа повеќе од 62 дена за да бидат прегледани – и покрај тоа што повеќе од 800 од нив се сметаа за „итни“ случаи
Професорот Вардли ги истакна Шефилд, Данди и Глазгов како градови каде услугата е веќе во тешка состојба, но рече дека повеќето области во земјата страдаат.
„Шефилд е област каде што има целосен колапс на системот за нега на рак на дојка“, рече проф Вардли.
„Данди некое време немаше онколози за рак на дојка; Глазгов не беше во можност да испорача некои високо ефективни третмани. Но, мислам дека ако одите каде било во земјата, освен во Лондон или Манчестер, ќе видите дека има огромен недостиг“.