Вредноста на минималната кошничка за април изнесуваше 62.691 денари

Вредноста на минималната синдикална кошничка за април 2025 година изнесува 62.691 денари (1.019 евра), што е зголемување за 836 денари во однос на март, соопшти Сојузот на синдикати на Македонија. Најмногу, или 21.480 денари (34,3%) од трошоците се наменети за храна и пијалаци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), за кирија, вода, струја и парно 6.096 денари (9,7%), а за лична хигиена и одржување на хигиената во домот 2.455 денари (3,9%).

Во априлската минимална синдикална кошничка, за здравство се издвоени 1.136 денари (1,8%), за превоз 4.615 денари (7,4%), за комуникација 3.417 денари (5,5%), за рекреација и култура 5.592 денари (8,9%), за образование 7.031,3 денари (7,4%). (6,6%) за ресторани и хотели, а 1.100 денари (1,8%) за други услуги.

Од СДСМ велат дека мерките за ограничување на маржите на трговците имаат делумен ефект бидејќи поевтинувањето на основните прехранбени производи е само 6,78 отсто. Оттаму бараат зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра.

Оттаму додаваат дека тоа што 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на минималната кошничка со стоки го прави реално и оправдано барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра.