„ВРЕМЕ Е ДА СЕ ОБЕДИНИМЕ И ДА ГО ПОБЕДИМЕ ТРАМП“ По повлекувањето од претседателската трка, Бајден ја поддржа Камала Харис
Откако актуелниот претседател на САД, Џо Бајден се откажа од претседателската трка, тој на социјалната мрежа Х објави дека ја поддржува Камала Харис за номинацијата на демократите.
-Мои колеги демократи, решив да не ја прифатам номинацијата и целата енергија да ја насочам на моите должности како претседател до крајот на мојот мандат. Мојата прва одлука како партиски кандидат во 2020 година беше да ја изберам Камала Харис за мој кандидат. И тоа беше најдобрата одлука што ја донесов. Денес сакам да ја понудам мојата целосна поддршка Камала да биде кандидат на нашата партија оваа година. Демократи – време е да се обединиме и да го победиме Трамп. Ајде да го направиме тоа – напиша Бајден.
Да потсетиме дека во изјавата споделена на социјалната мрежа Х, претседателот рече дека во најдобар интерес на неговата партија е да се повлече и да се фокусира исклучиво на исполнување на неговите должности како претседател до крајот на неговиот мандат, напиша Бајден.