Во првото полуфинале на турнирот во Мелбурн – Ѓоковиќ „сервира“ одмазда, а Меридијан има поголем коефициент од Австралија!
Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија и „сруши“ се пред себе. Уште пред пристигнувањето во Мелбурн беше јасно дека српскиот тенисер ќе биде максимално мотивиран за „одмазда“, па патот до полуфиналето беше многу убедлив.
Најпрвин беше елиминиран Карбаљес Баена (3:0), потоа Енцо Куако (3:1), Григор Димитров (3:0), Алекс Де Минор (3:0) и Андреј Рубљев (3:0). Така, Ѓоковиќ на ривалите им препушти само еден сет на патот до полуфиналето, а со победата над Русинот во четврт-финалето испиша и историја.
Ѓоковиќ ја освои својата 26-та последователна победа на Австралија опен , со која се изедначи со легендата на светскиот тенис Андре Агаси .
Во петок не очекува полуфиналето во кое Ѓоковиќ ќе го вкрсти рекетот со Американецот Томи Пол и со тоа ќе има можност да го претекне Агаси. Следниот ривал на српскиот тенисер е 35-ти на АТП-листата, па соодветно на формата и мотивацијата Новак е апсолутен фаворит на овој меч и секој друг исход освен неговата победа би бил вистинска сензација.