“ВРЗЕТЕ СЕ – ПОЛЕТУВАМЕ!“ – Вечерва (недела) во 22:00 часот започнува 23. сезона на емисијата ‘ВО ЦЕНТАР’

Во недела (17. септември) со почеток од 22:00 часот започнува 23. сезона на емисијата „ВО ЦЕНТАР“.

23 години емисијата „ВО ЦЕНТАР“ се емитуваше на телевизиите: Сител, Канал 5, Алфа, Аласат-М, а денес само на Јутјуб односно каналот на новинарот Васко Ефтов (Vasko Eftov).

Во оваа нова телевизиска односно јутјуб сезона – 2023/24 година – не очекува едно возбудливо патување. Следната година, пред се не очекуваат претседателски и парламентарни избори во Република Македонија. Но, во 2024 година ќе има битни избори и во Европската унија односно избори за Европскиот парламент, а избори не очекуваат и во Украина, но и во Русија каде Владимир Путин наголемо се подготвува за уште еден мандат за претседател на државата.

Меѓутоа целиот свет со нетрпение ги очекува претседателските избори во Соединетите Американски Држави (САД) – прашањето за милион долари е дали ќе победи Доналд Трамп или Џо Бајден. Во зависност од тоа кој ќе победи во САД ќе имаме крај или продолжување на војната во Украина.

@vocentar

“ВРЗЕТЕ СЕ – ПОЛЕТУВАМЕ!” Вечерва (недела) во 22:00 часот на Јутјуб каналот Vasko Eftov започнува 23. сезона на емисијата ВО ЦЕНТАР! #fyp #fy #foryoupage #viral #VoCentar #VaskoEftov #MK #MKD #Macedonia #Makedonija #tiktokmacedonia #VMRO #SDSM #USA #Russia #Ukraine #VladimirPutin #JoeBiden

♬ original sound – Vo Centar – Vasko Eftov

Но, бидејќи најдолиот пат започнува со првиот чекор, во недела во 22:00 часот ќе одговориме на три прашања:

1.) Кој ќе победи на изборите во Република Македонија ?

2.) Кој ќе ја формира идната Влада во Република Македонија ?

3.) Како ќе заврши конфликтот кој владее зад завесата помеѓу македонската Влада и македонската олигархија ?

За да го дознаете одговорот на овие прашање, следете не, вечерва со почеток од 22:00 часот на јутјуб каналот Vasko Eftov.