ФЕРАРИ СЕ ВРАТИ ВО ОДЛИЧЕН СТИЛ – Карлос Саинз е пресреќен по триумфот во Сингапур: “Чуството е неверојатно, Италија е горда денес!“

Возачот на Ferrari (Ферари), Карлос Саинз изјави дека неговиот тим целосно доминирал на Формула 1 викендот во Сингапур и дека е пресреќен поради денешната победа.

Чувството е неверојатно, имавме неверојатен викенд. Благодарни на сите во Ферари што вложија огромни напори да ја свртиме сезоната по тешкиот почеток. Но, доминиравме во викендот и на трката. Направивме се што требаше да направиме и го направивме тоа на совршен начин и победивме, сигурен сум дека цела Италија и Ферари ќе бидат горди денеска“, изјави Карлос Саинз по трката.

Во Сингапур, Карлос Саинз стартуваше од пол-позицијата, со добро и безбедно возење го задржа водството и ја оствари втората победа во кариерата.

Се работеше за зачувување на гумите и за обезбедување на резултатите по круг што го поставивме и на крајот се исплатеше“, вели Карлос Саинз.

Второто место го зазеде возачот на Meclaren (Мекларен), Ландо Норис, кој до последен момент се бореше да ја задржи позицијата од возачите на Mercedes (Мерцедес) Џорџ Расел и Луис Хамилтон.