Не стивнува стихијата по убиството на навивач во Атина, а сега се огласи девојка која според нејзините тврдења побегнала со несреќниот млад човек кој загинал во хаосот меѓу навивачите на АЕК и Динамо од Загреб.
Маријанда Галани го опиша теророт кој се случил ден пред европскиот натпревар, а во нејзините очи видела смрт додека бегала со Михалис Качурис.
Своето искуство во таа крвава ноќ таа го објави на социјалните мрежи.
- Не сум АЕК, но навивачите не застануваат тука! Живеам во Нова Филаделфија, на 100 метри од стадионот и работам во кафетеријата на АЕК, добро го познавав типот. Сè што сакам да направам е да врескам од бес. Зошто не остави заштитени? Зошто задоцни кога ти се јавивме? Зошто дојдовте после половина час додека викавме дека нè убиваат? Зошто да жалиме друг? Зошто непречено ги пуштивте сите овие клошари во нашиот град? Зошто? Никогаш нема да го заборавам она што го доживеавме синоќа. Трчаме да избегаме. Толпа луѓе облечени во црно го прободуваат секој што ќе најдат пред себе и фрлаат камења по нас. Дојдоа да убијат! И се тоа во 10 навечер кога во продавницата имаше мали деца и семејства. Среќен пат до Мика (Михајли Кацурис) од сите нас кои имавме среќа да те запознаеме – напиша Маријанда.
Хулиганите се изведени пред лицето на правдата, грчките власти се уште се обидуваат да утврдат кој е убиецот и како што тврди полицијата се блиску до решение.