Врховниот суд на Мичиген го отфрли обидот за блокада на кандидатурата на Трамп за изборите во 2024 година

Врховниот суд на американската сојузна држава Мичиген одби да ја разгледа петицијата на гласачите со кои се бара дисквалификување на Доналд Трамп од претседателските избори следната година заради неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Пресудата му дозволува на Трамп да остане на гласачкото ливче во оваа држава. Гласачите се обидоа да го дисквалификуваат Трамп според одредбата во американскиот Устав со која им се забранува на луѓето кои учествувале во „востание или бунт“ да држат функција доколку претходно се дале заклетва пред САД.

Врховниот суд на државата Колорадо, минатата недела, ја дисквалификуваше кандидатурата на Трамп во оваа сојузна држава, повикувајќи се на споменатата уставна одредба.