Памела Андерсон има магична реченица за да ги натера мажите да ја запросат: За шест месеци ќе бидете во брак

Памела Андерсон се мажела пет пати и ја открила тајната со која успева да го натера речиси секој маж во врска да ја запроси.

Таа во својот документарен филм „Памела, љубовна приказна“ ја открива магичната реченица што ги тера мажите да ја запросат.

„Најдобар начин да се омажиш е да му кажеш на некого: Никогаш нема да се омажам за тебе“. Во рок од шест месеци, сигурно ќе се омажиш. Но, мора сериозно да мислите кога го кажувате тоа, дека навистина нема да се омажите за тој партнер“, изјавила Памела.

@marinainmiami It’s still a no from me dawg- but i need a case study done on this and shut up rings #shutupring #dating #relationship ♬ original sound – Marina Neuman

Американскиот модел Марина Нојман неодамна објави видео на ТокТок во кое зборува за тоа како почнала да го применува „Правилото на Памела“.

Таа била на неколку состаноци со мажи во рок од два месеци и на секој од нив ја кажала истата реченица, додавајќи дека одбивањето им прави нешто во мозокот за да ги натера да сакаат да се трудат повеќе од било кога.

Таа изјавила дека немала намера да ја тестира изјавата на Памела, но се покажало дека „ова правило“ е ефективно.