Вселенското летало на Индија влезе во орбитата на Месечината

Индија објави дека едно од нејзините вселенски летала успешно влегло во орбитата на Месечината,

Според веста на „АНИ њуз“, Чандрајан-3 влезе во орбитата на Месечината без да наиде на никакви проблеми, соопшти Индиската организација за вселенско истражување (ISRO) во објавата на X, порано познат како Твитер.

Леталото ќе ја извршува својата мисија 14 дена или еден лунарен ден по слетувањето на јужниот пол на Месечината.

Тежи приближно 3,9 тони и се состои од сателитски, лендерски и ровер модули. Ќе ја истражува површината на Месечината.

Во претходните обиди со Чандрајан-1 и Чандрајан-2 во 2008 и 2019 година не можеше да се постигне меко слетување на површината на Месечината.

Доколку биде успешна, Чандрајан-3, третата индиска мисија за истражување на Месечината, ќе ја направи Индија четврта земја што постигнала меко слетување на Месечината по САД, поранешниот Советски Сојуз и Кина.