Поставил рекорд за нарачка на храна за 2023 година: Доставата повикана 668 пати, потрошил огромна сума пари!

Овој човек не само што ужива во разновидноста на нарачаните производи речиси два пати на ден, туку поставува и нови стандарди

Во денешното време на „брзиот живот“ луѓето се повеќе се одлучуваат за опцијата да нарачаат храна , а причините за тоа се главно работните и приватните обврски.

Затоа најлесно е да нарачате храна, да чекате испорака, да јадете и да ги фрлите остатоците во ѓубре. На овој начин не се губи време за подготовка на храна и миење садови после јадење, пренесува Српскаинфо.

Кога станува збор за нарачување храна, еден град се издвојува со импресивни бројки и неверојатни приказни за клиентите. Бања Лука со гордост може да го посочи својот локален херој, кој постави рекорд со неверојатни 668 нарачки во 2023 година, чија вкупна вредност беше околу 5.000 евра.

Овој корисник не само што ужива во разновидноста на нарачаните производи речиси два пати на ден, туку поставува и нови стандарди за потрошувачка.

Имено, овој човек од Бања Лука еднаш решил да се почасти од супермаркет. Неговата нарачка беше најскапа на апликацијата во изминатата година и изнесуваше околу 422 евра. Нарачката вклучуваше 95 ставки, поставувајќи нов стандард за големината на нарачката.