ФОТО | Тие се познати како едни од најубавите жени на светот, а сега заедно излегоа на вечера во издание кое никого не остава рамнодушен – погледнете како “блескаа“ Софија Вергара и Хајди Клум

Среде дождлива вечер во Западен Холивуд, Калифорнија, актерката Софија Вергара и моделот Хајди Клум поминаа одлична вечер во познатиот ресторан „Madeo“.

слика
Софија Вергара и Хајди Клум

Според Daily Mail, тие се држеле за раце влегувајќи во ресторанот, а како што се очекува од нив – се појавиле во стајлинзи на кои никој не останува рамнодушен. Имено, 50-годишната Хајди Клум изгледаше одлично во црн винилен мини фустан кој цврсто се држеше за нејзината супермоделска фигура. Таа носела и крзнено црно палто преку нејзините тенки рамења и внимателно одела во небесно високите потпетици, а носела и блескава чанта во едната рака.

слика
Хајди Клум

Исто така, 51-годишната Софија Вергара ја покажа својата извонредна фигура на „песочен часовник“ во тесен кафен фустан со долги ракави и висока јака. Долгата коса на ѕвездата од „Modern Family“ паѓаше по градите, а аутфитот го комплетираше со чевли на платформа. Нејзините неопходни работи ги чувала во црна чанта на „Bottega Veneta“. Инаку, Софија Вергара својот изглед за ноќното излегување го сподели со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм пред да излезе од ресторанот. Колумбиската убавица објави видео на кое се врти и го покажува својот аутфит од глава до пети, а истото можете да го погледнете ОВДЕ.

Иако Хајди Клум очигледно уживаше да го поминува времето со нејзината пријателка Софија Вергара, германската ѕвезда е најсреќна дома со нејзиниот сопруг Том Каулиц, кој ја собра во својот автомобил по излегувањето.

Што се однесува до приватниот живот на Софија Вергара, таа се раздели од сопругот Џо Манганиело (46 г.) во јули по седум години брак. Сепак, актерот познат по филмот „Magic Mike“ започна романса со бујната русокоса Кејтлин О’Конор (33 г.), со која наводно е во врска од септември.