„Мир и демократија наспроти војна и автократија“ , „Вистинската регионална соработка го одржува бродот стабилен“ и „Безбедносните предизвици со (не) интегрираниот Западен Балкан во ЕУ“, се дел од темите на денешните панели на вториот ден од Преспа форумот за дијалог (ПФД) насловен „Проширено европско семејство до 2030: (не)возможна мисија?” што се одржува во Струга во организација на Министерството за надворешни работи, а под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски.
На сесијата „Мир и демократија наспроти војна и автократија“ организирана од претседателот Република Северна Македонија Стево Пендаровски, ќе учествуваат претседателите на Хрватска Зоран Милановиќ, на Црна Гора Јаков Милатовиќ и на Албанија Бајрам Бегај, а видео обраќање ќе има и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
На вториот денешен панел „Вистинската регионална соработка го одржува бродот стабилен“ предводен од премиерот Димитар Ковачевски, видео обраќање ќе има претседателката на Европскиот Парламент Роберта Метсола. Свои обраќања ќе имаат премиерите на Црна Гора Дритан Абазовиќ, на Косово Албрим Курти и Генералната секретарка на Советот за регионална соработка (РСС) Мајлинда Брегу. „Безбедносните предизвици со (не) интегрираниот Западен Балкан во ЕУ“ е насловен панелот што ќе го преводи министерот за надворешни работи Бујар Османи.