Втор конвој со хуманитарна помош пристигна на египетската страна на преминот Рафа

 Нов, втор конвој хуманитарна помош, со 17 камиони, пристигна денеска на египетската страна на граничниот премин Рафа, соопштија безбедносни и хуманитарни извори.

Дваесет камиони со хуманитарна помош влегоа вчера во Појасот Газа преку преминот Рафа со Египет.

Тоа беа првите камиони кои влегоа во Појасот Газа откако Израел воведе блокада пред две недели по нападот на Хамас.