Вучиќ: Во Брисел се обидоа да воведат нов план за имплементација, јас одбив

– Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на прес-конференција рече дека Србија се соочува со „сериозна опасност“ во однос на Косово и додаде дека вчера на почетокот на средбата имало обид да се „направи нов план за имплементација“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Што се однесува до Косово, сè беше трик и намерата беше да се измами Србија да го признае Косово … Вчера, на почетокот, имаше обид да се создаде нов план за имплементација, каде што првата точка требаше да биде презентација на статутот на Управувачкиот тим на ЗСО, точка два беше да ги пуштиме во меѓународни организации, а три ЗСО, рече Вучиќ на прес-конференција во Претседателството на Србија.

Вучиќ изјави дека ЕУ и Борел имале коректен однос.

– Имаше предлог, привремено решение, кое Курти го одби, канцелариите (во општините на северот на Косово) да не се заземаат на 28 мај … Мислев дека тоа е идеална можност да се извлече (Курти) од срамот, но не, тоа е план. Тој е воодушевен … Начинот како што се однесуваа со жените (што го претставија статутот на ЗСО), како што се однесуваа кон дамите, не смеете да си го дозволите тоа, изјави Вучиќ.

„Тој рече (Курти) дека не му се допаѓа ниту една точка, дека се е неуставно. Тогаш сфатив дека се беше игра од почеток до крај, да се урне Србија, додаде претседателот на Србија.

Србија е подготвена на компромиси, но не и да биде „глупава, како што некои замислуваат“, нагласи претседателот на Србија и додаде дека на Косово се потребни мир и стабилност.

Тој предупреди дека новоизбраните градоначалници на општините на северот на Косово, кои беа избрани на неодамнешните локални избори на кои Србите од северот не учествуваа, „ќе влезат во своите канцеларии на 28 мај“.

Вчера во Брисел се одржа нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина. На таа средба беше усвоена Декларацијата за исчезнати лица.