– Српскиот претседател Александар Вучиќ денес на прашањето за Декларацијата од Атина изјави дека неформалната вечера со неформални заклучоци не може ништо да промени.
Вучиќ за новинарите, по церемонијата за предавање на клучевите на семејствата бегалци, изјави дека во Атина три земји, од кои две од Европската Унија и Украина, се под притисок да ја признаат независноста на Косово „и тоа за нас беа клучни разговори“.
На прашањето дали со претседателот на Украина, Владимир Зеленски, разговарал за извоз на оружје од Србија за таа земја, Вучиќ рече дека разговарале за сѐ, за ситуацијата на фронтот, за европскиот пат на двете земји и искуствата, како и за Косово и територијалниот интегритет.
Коментирајќи ги медиумските написи дека со потпишувањето на Декларацијата го поддржал апсењето на рускиот претседател Владимир Путин, Вучиќ прочита дека во документот пишува:
„Се договоривме дека не може да има неказнивост за воени и други злосторства, како што се напади врз цивили и уништување на инфраструктурата и сите одговорни мора да бидат повикани на одговорност.“
Потоа Вучиќ праша:
„Што извртувате? Каде пишува Путин? Каде пишува Русија? Има ли некој нормален што ова не би го прифатил и потпишал? Што е спорно?“
Српскиот претседател додаде дека во меѓуверзијата таа точка од Декларацијата гласела поинаку, но дека Србија успеала таа реченица да биде поинаква.
Како што нагласи, таа точка требало да гласи: „Го осудуваме грубото кршење на меѓународното право, Повелбата на ОН и заложбите на ОБСЕ“, а потоа ОБСЕ се врзува за воени злосторства, а во усвоениот текст тоа го нема.
Тој посочи дека Србија ќе побара да се одржи седница на Советот за безбедност на Обединетите нации пред редовната седница во октомври, поради сѐ поголемиот притисок врз Србите на Косово.
Вучиќ рече дека поради тоа денес ќе има состанок со Србите од Косово и со Канцеларијата за Косово и Метохија.
„Го избираме најдобриот момент и кој кога претседава и кој кога е присутен. Кога ќе ни одговара, ќе бараме одржување седница во многу близок временски период“, нагласи Вучиќ.
Прашан за притисоците што ги очекува, Вучиќ истакна дека притисоците се секојдневни и дека веќе една и пол година секојдневно од него се бара да се воведат санкции кон Русија и Србија да ја смени политиката.