Бензема не се вклопува во тактички стил на тренерот на Ал-Итихад

– Тренерот на Ал Итихад им кажа на раководството дека Карим Бензема не се вклопува во неговиот тактички стил.

За проблемот на напаѓачот на Ал-Итихад со тренерот на тимот Нуно Еспирито Санто, објави „Asharq Al-Awsat“. Според медиумот од Саудиска Арабија, португалскиот специјалист му рекол на раководството дека 35-годишниот Французин не се вклопува во неговиот тактички стил. Тој првично не побара од клубот да го ангажира Бензема.

Покрај тоа, по доаѓањето во клубот, Французинот се надеваше дека ќе ја добие капитенската лента, но тоа не се случи.

Бензема летово се пресели во Ал Итихад. За тимот одигра два натпревари на кои постигна една асистенција.