ВУЧИЌ Е ВИДНО ЗАГРИЖЕН: „Се плашам дека ќе биде уште полошо, допрва ќе носиме одлуки во наредните денови“

Повтори дека за се е виновен Аљбин Курти

Ова не е епилог, доволно е лошо, но се плашам дека ќе биде уште полошо и не случајно реков дека ќе донесеме одлуки во наредните денови , изјави вечерва претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Вака тој одговори на новинарско прашање за време на неговиот говор во Претседателството, дали она што се случи денеска на северот е епилогот на ситуацијата на Косово и Метохија во последните месеци, почнувајќи од честото апсење на Србите, како и фактот дека Брзата помош не можела да стигне до Бањска да пружи помош.

На прашањето колку луѓе таму се загрозени и отсечени од се, без помош, Вучиќ рече дека нема да зборува за тоа од многу причини.

– Сето тоа им одговараше само на Албанците и на оние кои ги поддржуваат во нелегалните антисрпски активности –  посочи Вучиќ. Тој посочи дека лажеле цело време и година и пол од почетокот на војната во Украина, дека Србија сака да војува.

– Лажеа за се, но никогаш не кажаа извини – забележа Вучиќ. Тој рече и дека се знае дека двете жртви на Србите се од Косовска Митровица, но дека нивните имиња се уште се проверуваат и изрази сочувство до семејствата. 

– Изразуваме сочувство до семејството на албанскиот полицаец –  рече Вучиќ. Повтори дека за се е виновен Аљбин Курти.

– Да немаше албанска полиција, туку да имаше српски полицајци, никогаш ништо немаше да се случи. Курти и тие што му дозволија да го направи сето тоа – заклучи Вучиќ.